Фестивал на преработени и стилизирани албански песни во Струга

Од:

Во Струга синоќа почна 27. Фестивал на преработени и стилизирани албански песни „Кенге јехо“, а на отворањето се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери.

Како што соопшти собраниската прес-служба, тој истакнал дека фестивалот ги собира истакнатите уметници од сите албански краеви кои на отворената сцена, кои ќе ги претстават уметничките, кореографските, костимографските и етнокултурните национални албански вредности.

– Оваа година, горд сум и поради фактот што Собранието на Република Македонија е поддржувач на настанот, што е додадена вредност во летната културна понуда на овој град кој дише и живее со песните, фолклорот и ората, кои се универзална цивилизациска категорија, односно се дел од светското културно наследство, истакна Џафери.

Во исто време, додаде тој, тие претставуваат значајни елементи кои го дефинираат, чуваат и развиваат националниот идентитет.

– Ќе можеме да ги проследиме со огромно задоволство вредностите кои нашите предци успеале да ги сочуваат низ векови, ги развивале и успеале да ги пренесат до младите генерации како дел од нашиот национален и културен идентитет, меѓутоа сега преработени и стилизирани, посочи Џафери на отворањето на фестивалот „Кенге јехо“ кој ќе трае три дена.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска