Фестивал на грчки филмови и концерт на Фоивос Деливоријас

Од:

Со филмот „Витез“, црна комедија на режисерката Атина Цангари, вечер од 20 часот во кино „Милениум“ ќе почне вториот Фестивал на современ грчки филм и култура кој ќе трае до 28 октомври. На програмата на фестивалот се шест играни и документарни филмови од изминатите десетина години, како и ексклузивен концерт на бендот на Фоивос Деливоријас кој е меѓу најпознатите во Грција. Тој ќе настапи утревечер во Клуб-ресторан МКЦ.

Покрај вечерашниот филм „Витез“ на наградуваната режисерка Цангари, во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Смак“ на Елијас Деметриу; „Следна станица: Утопија“ на Апостолос Каракасис; „Нејзина работа“ на Никос Лабот; „Неправеден свет“ на Филипос Цитос и „Поликсени“ на Дора Масклавану.

Програмата ја конципираа двајца грчки филмски автори, Димитрис Захос и Христос Каракепелис и, според организаторите, таа ја отлискува општествена стварност и проблемите на обичните луѓе, а воедно е и пресек на најновото во грчката филмска продукција.

– Филмовите ја отсликуваат грчката продукција во последната декада. Сите се тематски разнолики, но сепак доминираат теми кои реферираат на актуелната стварност во Грција, особено во однос на економската криза што го зафати грчкото општество последнава декада, истакна на прес-конференција Небојша Јовановиќ, продуцент и организатор на фестивалот кој е поддржан од Амбасадата на Грција во Скопје.

Познатиот грчки музичар и текстописец Фоивос Деливоријас, пак, со својот бенд утревечер ќе изведе филмска музика од познати грчки филмови.

Деливоријас е придружуван од Нефели Фасули (вокал), Андонис Сусамоглу (виолина), Гиоргос Кацанос (клавијатура).

-Тие ќе имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е, всушност, придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје, соопшти организаторот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата