Европската награда Лукс за филмот „Ида“

Од:

Европскиот парламент денеска на свечена сесија ја додели филмската наградата Лукс на филмот „Ида“ на Павел Павликовски.

Како што јави  дописникот на МИА од Стразбур, наградата Лукс се доделува на филмови со кои се слават богатството и разноличноста.

„Ида“ е филм за идентитетот, семејството, верата, вината, социјализмот и музиката.

Павлаковски рече дека сакал да направи филм за историјата, но тоа да не биде историски филм, односно дека сакал да направи морален филм, но да не изгледа како да држи лекции.

Инаку, приказната во филмот се заснова на сеќавањата на неговото детство, кое го минал во Варшава пред неговите родители да добијат политички азил во Велика Британија.

Името на наградениот филм го соопшти лично претседателот на Европскиот парламент, Мартин ШУлц во присуство на поранешниот член на ЕП, Дорис Пак, која ја инцира наградата.

Ова е осмо доделување на наградата Лукс. Лани оваа награда ја доби филмот „The Broken Circle Breakdown“ на белгискиот режисер Феликс ван Гроенинген.

Годинава во најтесниот избор за Лукс се најдоа три филма: „Банда девојки“ на Селин Скиама од Франција, во кој се зборува за група на девојки од француските предградија и нивните барања за афирмација, „Одделенски непријател“ на Рок Бичек од Словенија, кој говори за протестот на учениците од еден клас по смртта на нивна другарка и кои гневот го насочуваат кон професорот по германски јазик и „Ида“ на Павел Павликовски, во кој приказната се навраќа во Полска во 60-те години на минатиот век. Сите филмови беа прикажани во сите земји-членки на ЕУ и преведени на 24-те официјални јазици на ЕУ.

Наградата Лукс (Светлина) се состои во превод и титлување на филмовите на сите официјални јазици на Европската унија, како и прилагодување на филмовите за лицата со оштетен слух и вид.

Годинава беа номинирани :

– „Банда девојки“ на Селин Скиама (Франција),

– „Одделенски непријател“ на Рок Бичек (Словенија),

– „Ида“ на Павел Павликовски (Полска/Данска),

– „Убава младост“ на Хеми Росалес (Шпанија),

– „Чудата“ на Алис Рохервасер (Италија/Швајцарија/Германија),

– „Макондо“ („Малиот човек“) на Судабех Мортезаи (Австрија),

– „Станиците на крстот“ на Дитрих Бругеман (Германија),

– „Бел Бог“ на Корнел Мунруцо (Унгарија/Германија/Шведска), и

– „Ксенија“ на Панос Х. Кутрас (Грција/Фрнција/Белгија).

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата