„Еуроарт“ и „Орнаменти“ од Штип првонаградени на фестивалот во Ќустендил

Од:

Академијата за фолклор „Еуроарт“ и музичката група „Орнаменти“ од Меѓународниот фолколрен фестивал „Пауталија 2017“ кој по 11.ти пат се одржува во бугарскиот град Ќустендил се вратија со две први награди, информираа на денешната прес-конференција членовите на двете групи.

Елена Маролова, член на Академијата за фолклор „Еуроарт“ – Штип, вели дека фестивалот е во организација на Читалиште „Братство“ од Ќустендил, а на фестивалот учество зеле културно-уметнички друштва од пет земји.

– На Фестивалот, членовите на Академијата настапија во четири наврати преку претставување на различните уметности, се претставивме со изворни и со стилизирани игри и песни, меѓу кои ора и песни од нашиот крај и ора и песни од Пијанец, вели Маролова.

За некои членови од Академијата „Еуроарт“-Штип за првпат настапија на меѓународен фестивал.

-Бев една од најмалите учесници на Фестивалот. Членувам 2 месеца, а веќе научив многу ора и песни”, вели Валерија Спасова член на „Ероарт“ од Штип.

Игно Иванов член на пејачката група ,,Орнаменти” вели дека првата награда ја освоиле исто така во силна конкуренција, во категоријата на мешани состави.

– Оваа награда ни е стимул повеќе за реализација на нашиот целовечерен концерт во рамки на ,Штипско културно лето’ што ќе се одржи на 18 јули 2017 во Паркот на ,Макфест'”, вели Иванов.

Двете штипски групи „Еуроарт“ и Орнаменти на меѓународниот фестивал во Ќустендил соседна Бугарија настапија со поддршка на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска