Ервин Рустемагиќ гостин на 12. Интернационален стрип салон

Од:

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес  кон средината на октомври традиционално ќе го организира 12. Интернационален стрип салон.

Од Стрип центарот информираат дека годинава успеале да обезбедат гостување на реномирани имиња од светот на стрипот, како што е Ервин Рустемагиќ од Сараево. Тој е познат светски стрип менаџер, издавач  и сопственик на издавачката куќа „Стрип Арт Феатурес – САФ“.

Со помош на фондацијата „Принц Клаус Фунд“, Министерството за култура и Општина Велес, на годинашниот Стрип салон ќе присуствуваат стрип автори од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција…

Паралелно со ова, завршува и традиционалниот меѓународен стрип конкурс.

– Радува стандарно големиот број на пријавени стрип дела од странство, но уште повеќе и масовното учество  на досега неафирмирани таленти од нашата држава, велат од Стрип Центарот на Македонија од Велес.

Конкурсот за поднесување стрипови е до 15 септември.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес