„Едно видување, еден век“ – Новогодишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани

Од:

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани вечер во 20 часот ќе одржи свечен Новогодишен концерт во Домот на културата во Вевчани насловен „Едно видување, еден век“.

Поради големиот интерес, Фолклорнииот ансамбл ќе одржи уште еден концерт и тоа два часа порано, односно во 18.00 часот, а пораката на концертот е „почит, љубов, разбирање и искрен муабет на човек со човека“.

– … Ах бре пријателе, шуќур што се видовме та да ти ги накажва мокиве мој, ем на душава ми олесна, ем пола како да ги решив, заш дејнцка све мојш да најш, само прав чвек за муабет тешко да сретниш…,, ќе речат двајцата актери од Патувачкиот театар, кој реалните состојби на денешницата вешто ги поврзавуаат со фолклорот и традицијата.

КУД „Дримкол“ од Вевчани е едно од ретките друштва што презентира тематски концерти, наспроти класичните изведби на песна, ора и инструментални нумери. Концертниот проект „Едно видување, еден век“ се надоврзува на двата претходно реализирани проекти „Македонска свадба“ и „Обредни песни и игри од Вевчани“.

– За нас Новогодишниот концерт е најважниот настан во годината, бидејќи е наменет за нашата публика, Вевчанската. Секоја година се стремиме тој да биде ем различен, ем поубав од предходниот, а последниве три години концертите се веќе тематски со своја цел и порака. На концертот учествуваат сите фолклорни состави, народниот оркестар и оркестарот на традиционални инструменти, пејачката група – велат од КУД „Дримкол“ – Вевчани.

Првиот Новогодишен концерт на КУД „Дримкол“ е организиран во 2000 година и од тогаш традиционално се организира секоја година на 11 јануари во Вевчани.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска