Џанлука Мартиненги – нов шеф-диригент во Македонската опера и балет

Од:

Италијанскиот диригент Џанлука Мартиненги ќе биде нов шеф-диригент во Македонската опера и балет во претстојната сезона.

– По исклучително успешната премиера на операта „Турандот“ во март годинава, предводена токму од маестро Мартиненги, раководството на МОБ го ангажира како шеф-диригент за претстојната театарска сезона 2016/2017 година. Мартиненги ќе се посвети на уметничките подготовки на солистите и ансамблите за претставите во МОБ. Континуираната работа на маестрото ќе придонесе за подигнување на уметничкиот квалитет и восприемањето на оперските претстави, соопшти Македонската опера и балет.

Под раководство на Мартиненги, публиката ќе има можност да ги проследи оперите: „Севилскиот бербер“, „Лучија ди Ламермур“, „Дон Џовани“, „Тоска“, „Паљачи“, „Кавалерија Рустикана“ и „Џани Скики“.

МОБ ја пренесува неодамнешната изјава на Мартиненги во интервју за „Iteatridellest“ во Италија, во кое истакнува: „Во оваа земја пронајдов музичари со вистински талент. Меѓу нив и такви со меѓународни кариери. МОБ бил домаќин на бројни престижни солисти, на оперскиот фестивал „Мајски оперски вечери“ и има капацитет самостојно да создава светски продукции“. За публиката, пак, вели дека е „….различна, но дека сосема добро ги разбира вредностите кои се презентираат, непребирлива, но коментентна“.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска