Македонската опера и балет најавува двојна изведба на најдобриот балет на сите времиња „Лебедово езеро“ кој ќе се изведе на големата сцена на 30.10 и 2.11.2018 со почеток во 20 часот.
Ода за моќта на љубовта!
Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски во вторник, 30 октомври.
На изведбата на 2 ноември, петок, настапуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет
Диригент: БИСЕРА ЧАДЛОВСКА
Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk