„Двете принцези“ – роман за деца од Натали Спасова

Од:

„Македоника литера“ го објави авантуристичкиот роман наменет за деца „Двете принцези“ на младата писателка Натали Спасова.

– Низ забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.
Во дијалозите на две девојчиња е прикажано колку е бескрајна детската фантазија, а во нивните дела, детската храброст. Во свет каде што технологијата веќе го окупира и детството, тие две ја откриваат природата – со сите нејзини убавини, но и опасности, соопшти издавачот за книгата во која цртежите ги направи Тања Вукобрат.

Спасова (1989) претходно го објави и романот за тинејџери „Прва љубов во Розевата улица“, која го напишала на свои 13 години, како и книгата за возрасни „Запалка“ (2014). Таа дипломирала на Факултетот за туризам и менаџмент и магистрирала во областа на руралниот туризам.

Би можело да ве интересира

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ отворен до 1. септември

Катерина Ѓуровски

Промовиран романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска

А1он

Објавен романот „Вон жариштето“ од италијанската авторка Кјара Карминати

А1он