Две претстави во Неготино по повод светскиот ден на театарот

Од:

Со две претстави, од кои едната беше одиграна синоќа,  а другата ќе се одигра утре, Неготино по четврти пат го одбележува светски ден на театарот.

Театарските претстави се во рамки на програмата за култура,  во соработка со Центарот за култура „Aцо Ѓорчев”. Се работи за две комедии  во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци.

– Првата претстава беше  урнебесната комедија „Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, играше актерската група составена од вкупно 12 актери, информираат од неготинската локална самоуправа.

Утре со почеток во 20 часот, ќе се одигра  „Сомнително лице” од Борислав Нушиќ во која ќе настапат 12 актери, членови на кавадаречкиот градски театар. Режијата е на  Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска