Две нови премиери на сцената на битолскиот театар и покани за гостувања во странство

Од:

Директорот на НУ Народен театар-Битола Валентин Светозарев денеска на прес-конференција соопшти дека ансамблот на овој театар ги почна подготовките на две премиерни претстави „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Ѕвездана Ангеловска и претставата „Дива“ од Маријана Нола во режија на Софија Ристевска.

На средбата со новинарите во Битола Светозарев потврди дека во изминатиов период претставата „Травничка Хроника“ од Иво Андриќ во режија на Бранко Брезовец, а во изведба на битолскиот театар ја погледнале десетина селектори од регионот и пошироко и пристигнале првите покани од странство.

– На 1 јули ќе гостуваме на Еуроказ во Загреб во рамките на манифестациите што ги подготвува Република Храватска за нејзино официјално пристапување во Европската Унија, а во мај 2014 година ќе учествуваме на престижен театарски фестивал во Истанбул, истакна Светозарев.

Директорот на НУ Народен театар-Битола Валентин Светозарев на прес конференцијата соопшти дека оваа национална установа со поддршка на Министерството за култура вработи уште четири млади актери, односно Александар Стефановски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски и Борче Ѓаковски, со што како што нагласи Светозарев бројот на нововработени лица во битолскиот театар во период од три години изнесува 24 лица, однив 12 актери. Со ова, како што додаде театарот во Битола станува еден од нај екипираните во Република Македонија

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска