Дурловски и Нацоски дел од екипата на премиерата на „Турандот“ во Макао

Од:

Првенците на Македонската опера и балет, басот Игор Дурловски и тенорот Благој Нацоски, ќе бидат дел од 30. Интернационален музички фестивал во Макао кој што ќе биде отворен на почетокот на октомври со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини.

Како што соопшти Македонската опера и балет, на манифестацијата од 1. – 4. октомври, Дурловски во улогата на Тимур, додека Нацоски во улогата на Понг ќе настапат заедно со врвна екипа составена од интернационални солисти, меѓу кои и Руди Парк во улогата на Калаф, Лана Кос и Валерија Сепе во улогата на Лиу. За естетиката и тензијата на ова ремек дело, се наведува, ќе се погрижат познатиот италијански режисер Џанкарло дел Монако заедно со Вилијам Орланди како сценограф и костимограф.

Дел Монако ја режираше операта „Турандот“ и во МОБ, која беше премиерно изведена на 25-ти март оваа година.

На две недели од подготовките за отворањето на фестивалот, Дурловски и Нацоски го изразуваат своето задоволство што токму двајца Македонци се дел од оваа продукција и претставници на нашата земја на овој интернационален фестивал во Кина.

Операта Турандот од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, е псоветена на темата на љубовта, омразата и смртта, а исполнета е со популарни арии, меѓу кои најпозната е „Nessun Dorma“.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска