Дуото Маротов со филмската музика за Манаки ќе настапи во Варшава

Од:

Музичарите Бојан и Благој Маротови на 25 април ќе гостуваат во Варшава, каде што на покана на Кинотеката на Полска ќе настапат за време на премиерната проекција на филмот за браќата Манаки.

Маротови ќе ја изведат во живо музиката од ДВД-то за филмот, која е нивно авторско дело.

– Се надеваме дека музиката ќе и се допадне на полската публика и дека ќе ја претставиме во најдобро светло нашата држава, велат Маротови.

Маротови ја напишаа и снимија музиката по нарачка на Кинотеката на Македонија, која го дигитализираше и реставририраше целокупниот опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, основоположници на македонската филмска историја.

Дигиталната реставрација на филмското наследство на браќата Манаки во текот на 2012 и 2013 Кинотеката го направи во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта, а ДВД-то го промовираше на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата