Државниот архив ја отвори изложбата посветена на 110 години од Македонскиот фронт

Од:

По повод 110 години од формирањето на Македонскиот фронт, денеска во холот на Дајмонд мол беше отворена изложбата „Македонија, Македонците, Македонскиот фронт низ објектив”, во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија.

Како што изјави раководителката на Одделението за публикување на архивски материјал при Државниот архив, Јасмина Дамјановска, институцијата ја има главната улога во одбележувањето на овој значаен јубилеј.

– Државниот архив е единствената институција која има можност да го одбележи јубилејот, бидејќи ја поседува целокупната документација и пишаното наследство поврзано со Македонскиот фронт. Помош добивме и од приватни иматели, меѓу кои се Влатко Милошовски, Кирил Вангелов и Диме Ратајковски, кои несебично ги понудија своите колекции за да може Архивот со својата документација да го проследи она што беше секојдневие на Македонскиот фронт. Во соработката се вклучи и Воениот музеј при Министерството за одбрана, така што направивме една одлична заедничка поставка по повод 110 години од Македонскиот фронт, изјави Дамјановска.

Изложбата, додаде, ја прикажува војната не само преку фронтовската линија, туку и преку секојдневието на населението во периодот на Првата светска војна.

– Со изложбата е одбележано она што се случуваше и на фронтот и меѓу населението. Самата војна стана дел од нивниот живот, а сето она што воените сликари го забележале сега имаме можност да го видиме. Овде дојде до израз замрзнувањето на моментот, практично она што фотографијата го прави – го замрзнува моментот. Сакавме да покажеме како токму фотографијата денес ни овозможува да го гледаме Македонскиот фронт и секојдневието од 1914 до 1918 година, рече таа.

Дамјановска нагласи дека фотографијата има клучна улога како историска меморија. Со изложбата, вели, опфатени се неколку фотографи и фотографии од војници кои што биле на спротивната страна во војната.

– Имаме неколку фотографи претставени овде, Ристо Шуковиќ, српски фотограф и свештеник кој фотографирал на фронтот, американскиот фотодокументарист Мел Вевој, како и германските фотографи кои што фотографираа на Македонскиот фронт за време на нивното дејствување овде заедно со бугарската војска. Ги имаме француските фотографи и обичните француски војници кои што фотографираа, така што, се спои некако таа тема и насловот на самата изложба за да може замрзнувањето на тој момент, кој како сака да ја види војната, да биде претставено овде. Некои го сакаат тоа меѓу фронтот, тој воен свештеник сликаше директно на фронтот, француските војници сликаа меѓу населението, во градовите, во местата каде што минуваше фронтовата линија, рече Дамјановска.

Изложбата е отворена за јавноста во холот на Дајмонд мол.

Би можело да ве интересира

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Ана Ололовска

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

Ана Ололовска

Дисциплинска против вработен во Државниот архив, ненамерно додал три нули во јавна набавка на кетеринг

Маја Илиевска-Пачемска

Државен архив: Обинувањата за милионскиот износ за кетеринг не се точни, се работи за грешка направена од службеник

А1он