Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

Од:

Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и Михајло Свидерски.

– Новите членови на ДПМ се од редот на младите генерации и се силно присутни на книжевната сцена, со препознатливи вредности и специфики, со висока книжевна наобразба и култура. Нивните дела од областа на прозата, поезијата, есеистиката, книжевната наука и преводот, се предмет на интересирање на читателската публика и критиката и се впечатлив дел од новите тенденции во македонската литература, соопшти ДПМ.

Друштвото наведува дека со приемот на новите членови ја продолжува практиката на подмладување на писателската асоцијација. Во изминатите неколку години примени се триесетина афирмирани автори, со просечна возраст од 26 години во моментот кога станале членови во ДПМ.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска