Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

Од:

Во центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворен 51-от Драмски аматерски фестивал (ДАФ) на кој во наредните шест фестивалски дена ќе настапат 14 драмски групи и ансамбли од исто толку градови на Македонија и од Нови Пазар, Србија во рамки  на официјалната конкуренција за една од наградите.

– Од вечерва па во наредните шест фестивалски дена драмските аматери ќе ни бидат водачи низ нивните светогледи, нивното видување на реалноста. Ќе ги стават на увид пред вас нивниот суд за стварноста, за светот што нас не опкружува и нив самите ги окупира, за времето во кое живееме, но ќе проговорат и за иднината, истакна на отворањето на фестивалот Благој Пенов, извршен директор на ДАФ.

Фестивалот го прогласи за отворен Јордан Димитров, претседавач на Советот на општина Кочани кој истакна дека Кочани по 39 пат е домаќин на најуспешните аматерски драмски групи од Македонија и странство кои на сцената на Центарот за култура ке ги покажат своите постигања во областа на драмскиот аматеризам.

На фестивалски ден настапија аматерите од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово со претставата „Недоразбирање во де мол“ на текст и во режија на Давид Јовановиќ, како и драмското студио при Домот на културата од Крива Паланка со претставата „На клупата“ на текст од Трајче Кацаров, а во режија на Глигор Цветковски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска