Драмски театар со „Партија реми“ гостува во Торонто

Од:

Драмски театар-Скопје со претставата „Партија реми“ утревечер ќе учествува на Денови на македонската култура во Торонто, кои секоја година ги организира „Македонско театарско ќоше“.

Целта на оваа организација од Канада е да ја промовира македонската култура на американскиот континент.

Во претставата играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ-Пановска. Автор на текстот е Доналд Ли Кобурн, добитник на Пулицеровата награда, а режисер е Виолета Џолева.

Со претставата „Како да се ограби банка“, пак, Драмски театар утревечер ќе учествува на 11. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, во Центарот за култура од 20 часот.

Режисер на оваа претстава е Иван Манасковски, а учествуваат актерите: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска-Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска