ДПМ: Проблематизацијата на македонскиот јазик е антицивилизациски чин

Од:

„Како претседател на Друштвото на писатели на Македонија имам потреба да искажам реакција по повод актуелните политички превирања, за која верувам дека ги одразува ставовите на мнозинството членови на нашата писателска асоцијација.

Проблематизацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја од страна на бугарската политика, искажана деновиве како уцена во процесот на нашата европска интеграција, за македонските писатели е особено загрижувачка. За неколку стотици активни писатели и неколку стотици починати писатели, врежани во македонскиот книжевен канон, евентуалната повреда на нивното основно изразно средство, јазикот, би претставувала директен удар врз суштинскиот градбен елемент на нивната уметност, и воопшто, удар врз нивниот творечки интегритет“, реагира Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ, по повод македонско-бугарските односи.

„Јазикот на кој пишувале и пишуваат тие е македонски и не може да биде никаков друг. Книжевниот систем на кој му припаѓаат, кој ги опфаќа сите варијации на оригинална и преводна литература, е македонски и никаков друг. Екстремните ставови на бугарските националисти, познати на македонската јавност од многу одамна, во овој миг како официјални државни ставови на Бугарија, како никогаш досега се закануваат да прераснат во жртвена клада на која, според нив, би требало да се изгорат илјадници и илјадници книги, кои не само со јазикот, туку и со тематиката, јасно го манифестираат својот македонски идентитет. А палењето на книги секогаш бил и е антицивилизациски чин што предизвикува морници. Ќе дозволат ли европските, македонските и бугарските политичари да се случи антицивилизациски чин од невидени размери во 21. век?

Длабоко веруваме дека нема да дозволат, а напротив, ќе го додржат основниот принцип на европското обединување, кој подразбира взаемен реципрочен респект и поддршка при културната размена на различните идентитети, кои на обединетата Европа ѝ „даваат душа“ и ја прават нешто поголемо и позначајно од заеднички пазар. Веруваме дека и бугарските колеги-писатели, или барем некои од нив, ќе имаат разбирање за нашата загриженост и ќе ни дадат поддршка во одбивањето на погубните политики кои не водат кон ништо добро“, се вели во реакцијата на Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката