„До балчак“ бил трагедија за буџетот, а актерите се уште си ги бараат хонорарите

Од:

Во снимките на разговорите што ги презентираше Зоран Заев, за кои се тврди дека се водат помеѓу министрите Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, меѓу другото се вели:

„Трагедија е кога за култура ми оди 5 посто од буџетот, тоа е трагедијата. И филмот на Стале Попов – е тоа е трагедијата наша“.

Во разговорот всушност станува збор за режисерот Столе Попов и за неговиот филм „До балчак“ кој е најскапиот филм во историјата на македонската кинематографија со вкупно 3 милиони евра.

Од нив 500 000 евра ги додели Агенцијата за филм, а уште со околу 2,5 милиони евра филмот беше финансиран директно од Владата, како национален интерес со пари од граѓаните. По завршувањето на филмот, продукцијата доби голем број тужби за неисплатени хонорари и други давачки.

Тогаш, од Агенцијата за филм се тврдеше дека долговите ќе се вратат од парите што ќе ги заработи филмот прикажувајќи се во кината. Но, актерот Перо Арсовски на својот фејсбук профил, вчера, напиша дека хонорарите се уште не се исплатени.

Арсовски пишува: „Според Ставревски, продуцент на “До балчак“ е премиерот (со наши пари, се разбира) а не „Стале Попов“.

11042120_10206285711716906_1817119601_n

Е па ја користам оваа прилика да го замолам да ни ги исплати хонорарите кои ни ги должи и за кои имаме судски пресуди. П.С. Кој ќе ги плати новите давачки на хонорарите, бидејќи договорите ни се од пред две и пол години?“

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар