По повод патрониот празник кој го прославува на 6 јуни, Детскиот културен центар „Карпош“ вечер организира изложба на која ќе бидат претставени предмети од најмалиот етнолошки музеј во светот.
Со изложбата воедно ќе бидат одбележани 25 години постоење на најмалиот етномузеј на Симеон Златев-Моне од тетовското село Џепчиште.
– Целта на изложбата е ДКЦ на своите членови-децата да им претстави дел од културното наследство на Македонија, соопшти ДКЦ „Карпош“.