Детски фестивал „Оро без граници“ на плоштадот „Македонија“

Од:

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 19.30 часот ќе биде одржан централниот настан на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Детскиот културен центар „Карпош“ ги поканува сите љубители на орото и песната да дојдат на централниот настан, каде покрај гостите од Србија, Бугарија и Словенија ќе учествуваат и македонските ансамбли „Орце Николов“, „Јени Јол“ и „Каршијака“.

Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на своите земји и ќе формираат уште едно големо „Оро без граници 2018“.

Фестивалот кој е симбол на пријателство меѓу децата трае од 27 до 30 септември.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска