Денови на руската култура во Скопје и Струмица

Од:

Денови на руската култура во Република Македонија ќе се одржат на 25-ти и 26 октомври во Скопје и Струмица. Манифестацијата ќе почне на 25 октомври во Македонскиот народен театар со отворање на изложбата „Добата на Григорович“ посветена на историјата на рускиот балет и со настап на Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

Наредниот ден во Македонската филхармонија заеднички концерт ќе имаат солистите од Русија – Олга Артјугина, Василиса Бержанскаја, Рустем Хамидулин со оркестар составен од членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ на 26 октомври ќе има концерт и во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Влезот за сите настани е слободен, соопшти Руската амбасада во Скопје. Манифестацијата е врз основа на Протоколот меѓу министерствата за култура на Руската Федерација и Република Македонија за организирање меѓусебни денови на култура на двете земји во 2017-2018 година.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин