Денови на МНТ во Кратово од 11. до 15. јули

Од:

Со претставата „Парите се отепувачка“ во режија на Бојан Трифуновски в петок ќе почнат Деновите на Македонскиот народен театар во Кратово. Посетителите ќе можат да ги погледнат и претставите „Последна шанса“, „Сребрена свадба“, „Свадбата на Фигаро“ и „Не се клади на Енглези“.

Сите претстави ќе се играат на платото пред Музејот на Град Кратово, со почеток во 21 часот. Само монодрамата „Сребрена свадба“ ќе се игра во хотел „Кратис“. Влезот за сите претстави е бесплатен.

Уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски на денешната прес-конференција најави дека ќе се обидуваат да играат таму каде граѓаните немаат можност секојдневно да посетуваат театар. Информира дека оваа иницијатива е на општината и на градоначалникот на Кратово.

– Предвидени се средби, дружења на дел од актерите со средношколците од Кратово, со младите од драмските секции и со сите заинтересирани, рече Пројковски.

Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски ги повика граѓаните на Кратово и од соседните општини Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце и Куманово да ги погледнат театарските претстави. Додаде дека оваа манифестација ја поддржува хотел „Кратис“ и други спонзори.

Кристина Петровска, соработник за култура во општина Кратово потенцира дека се почестени што ќе бидат домаќини на, како што рече, реномиран театар кој ќе придонесе за заживување на театарската уметност и културните вредности во Кратово.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска