Општина Богданци денеска и утре е домаќин и организатор на манифетацијата „Денови на ќустендилската култура“. Уметниците од Богданци и Ќустендил ќе се претстават преку организирање ликовна изложба, поетско читање и одржување музички концерти и форум.
Организаторот соопшти дека вечер младите уметници од Богданци и Ќустендил ќе се претстават во областа на поезијата, ликовната уметнот и музиката, а според утврдената програма утре ќе се одржи форум на тема „Перспективите на културната соработка“.
Преку запознавање со културата и уметноста од двата региона, манифестацијата има цел да изгради трајно пријателство и соработка меѓу граѓаните на двете општини.
Оваа активност е дел од проектот што општина Богданци го имплементира во партнерство со општина Ќустендил, а се реализира со средства обезбедени преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.