Вечерва со почеток во 20 часот во МОБ продолжува гала-оперскиот концерт посветен на безвременските композитори Џакомо Пучини по повод 160 години од неговото раѓање и Џоакино Росини по повод 150-годишнината од неговата смрт.
На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек-дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот берберин“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини.
Диригенти на настанот се: Рафаеле Масколо од Италија и Бисера Чадловска од Македонија, а како гостин солист е сопранот од Русија, Елена Баканова, како и првенците од Македонската опера и балет.