Дела од ликовната колонија Карпино на изложба во Виница

Од:

Во ликовниот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница е отворена првата ликовна изложба за годинава, на која се поместени  дела од ликовната колонија Карпино на која учествуваа 10 ликовни уметници од Македонија,Србија и Бугарија.

Славко Данев, директор на Домот на културата од Виница. информира дека се изложени 27 дела работени во масло на платно.

– Ликовните творци создаваа дела од околината на манастирот во Старо Нагоричане, како и по слободен избор.Мултимедијалниот центар Карпино и минатата година собра уметници од Македонија и странство и беа создадени дела кои во текот на оваа година ќе бидат претставени пред ликовната публика во повеке градови на Македонија, изјави Зоран Павловски,од ликовната колонија Карпино.

Делатата од оваа колонија ќе бидат изложени во наредните десетина дена.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“