Дела од кумановската ликовна колонија на изложба во македонската Амбасада во Париз

Од:

Избрани дела од еминентни ликовни уметници кои се создадени низ годините во текот на четиридецениското постоење на  ликовната колонија Куманово ќе бидат презентирани на изложба  во македонската Амбсада во Париз, Франција, соопшти на денешната прес-конференција, директорката на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска.

Ретроспективната изложба на делата од кумановската ликовна колонија ќе биде отворена на 7 април (четврток) со почеток во 19 часот во амбасадата на Република Македонија во Париз.

– Избрани се осумнаесет дела од светски реномирани уметници како што се Денис Боувен од Велика Британија, Паоло Чампини од Италија и еминентни уметници од македонската ликовна сцена од познатите Борко Лазески, Ана Темкова, Зоран Јакимовски, Димитар Манев, Веле Ташковски, Рубенс Корубин, Васил Василчев, Нове Франговски, Димитар Малиданов… Се потрудивме да бидат одбрани уметнички дела и се надевам дека убаво ќе се претставиме во Париз, изјави Цветановска.

Додаде дека заедно со општина Куманово и со поддршката на Министерството за култура и годинава ќе продолжиме со организација на  ликовната колонија која веќе се подготовува и ќе се одржи во август годинава.

Оддржувањето на изложбата во Париз е проект кој е влезен во годишната програма на  Министерството за култура за тековната година. Инаку, Ликовната колонија „Куманово“ се одржува од 1974-та година првин во конаците на Прохор Пчињски, по што продолжува во Манастирот во Матејче додека последниве десетина година се одржува во Меморијалниот центар АСНОМ од каде произлегува богата продукција, инспирирана од амбиентот на просторот каде што творат уметниците. Досега за 40 години на колонијата учествувале уметници од над 500 држави од сите континенти кои оставиле преку 1.000 дела.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“