Дела на италијанскиот уметник Росарио Меле изложени во Охрид

Од:

Триесет дела од италијанскиот уметник Росарио Меле вечерва беа претставени на изложба во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а беше промовирана и неговата книга „Африкански роман“.

Претседателката на здружението „Росарио Меле“, Елена Мишели истакна дека авторот делата ги изработувал според неговата моментална состојба. Користел техника од бои, таканаречени „изгорени хартии“, кои ги донел од Африка и своите дела ги креирал со мешање на тие бои со восок.

– Се трудел да го стопи восокот врз основа на тоа како се чуствува, односно според неговите емоции. Најголемата инспирација ја црпел од неговата моментална состојба и оваа техника се родила од неговиот престој во Африка, појасни Мишели.

Промоторот на книгата „Африкански роман“, Пауло Дондоли посочи дека идеите што ги користел авторот не се обични, туку, како што рече, се длабоки истражувања на нашата најдлабока внатрешност што ја носиме во себе. За да ја истражи длабочината на внатрешноста тој отишол во Африка.

– Во претстојот во Африка, Меле сфатил дека уметноста е дел од еволуцијата, нешто повеќе од онаа основната идеја на уметност. Неговата потреба по дуализмот и духовниот дуализам го донела до некои многу загадочни ситуации. Го искажува неговиот двоен сомнеж, „кој сум и каков сум“, кој сум значи како изгледам, а што сум дава осврт на внатрешноста на секој човек, истакна Дондоли.

Во книгата, појасни тој, има интересен опис на еден пејзаж во кој е опишана една прошетка на авторот низ улиците во Африка, каде сретнал млад човек како меѓу нозете држи парче дрво кое го резбал. Кога уметникот го прашал што резба во дрвото, младиот човек му одговорил дека тоа прашање треба да му го постави на дрвото.

Росарио Меле бил писател, поет, сликар и резбар. Изложбата со негови дела пред охридскта публика ќе биде отворена до 20-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“