Циклус дански филмови во Кинотека

Од:

Кинотеката на Македонија од 12-ти до 15-ти април во терминот од 20 чааот ќе прикажува дански филмови, снимени во 2011 година.

Филмската ревија ќе почне в петок со „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Трир – данско-шведско-француско-германска копродукција, со Кирстен Данст во главната улога.

Во сабота ќе биде прикажан анимираниот филм „Жика жабарот“ во режија на Питер Дуд, а в недела „Смешниот човек“ на  режисерот Мартин Зандвлит, биографски филм за данскиот комичар  Дирк Песер.

Циклусот дански филмови ќе заврши во понеделник со „Суперкласико“ на Оле Кристијан Мадсен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“