„Човекот кој го изеде светот“ – премиера на Драмски театар

Од:

Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Човекот кој го изеде светот“ по текст на германскиот автор Нис-Моме Штокман во режија на Билјана Радиноска, на која ова и е прва претстава во професионален театар по неколку постановки во независни театари.

Главната улога, безимениот лик ХХХХ, го игра Игор Стојчевски, а во актерската екипа се и Диме Илиев, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Димитрија Доксевски и студентот на ФДУ Стефан Вујисиќ. Сценограф на претставата е Мика Черепналковска, костимографијата е на Ивана Кнез.

– „Човекот кој го изеде светот“ ни дава да ѕирнеме во едно семејно секојдневие или, пак, во сите животи одделно. Ја раскажува приказната за нездравиот однос меѓу родител и дете, еден пропаднат брак, едно изневерено пријателство, едно споро и болно во својата спорост индивидуално пропаѓање… Приказна за изневерени очекувања, за неносење со одговорности, за стравот од соочување со себе и стореното. Во тој свет еден човек проголтува туѓи сништа, проголтува иднина, јаде ветувања… истакнува Радиноска за текстот кој го поставува на сцената на Драмски.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска