„Човек, ѕвер и доблест“ – нова премиера во Театар Комедија

Од:

Во НУ Театар Комедија привршуваат подготовките за последната премиера за оваа година – претставата „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, а во режија на култниот режисер Егон Савин.

Егон Савин веќе подолго време нема потпишано своја режија на сцената на македонскиот театар. По перфектните режии на двете претстави „Злосторство и казна“ (МНТ) и „Лаж и Паралаж“ (МНТ), по речиси дваесетина години, месецов Савин ја заокружува и својата трета режија како гостин во земјава – овој пат на најновата комедија во Театар Комедија.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Тони Денковски, Жаклина Стевковска и Кристина Ласовска.

Претпремиерата е закажана за 22 декември (недела), премиерата е на 23 декември (понеделник), додека љубителите на комедијата првата реприза ќе можат да ја погледнат на 24 декември (вторник), со почеток во 20 часот.

Од управата јавуваат дека билетите веќе одамна се пуштени во продажба, а за овие термини се останати уште само неколку карти.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска