„Четврток“ на фестивал во Драма

Од:

Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски ќе учествува на 37. Меѓународен фестивал за краткометражни филмови во Драма, Грција, на 19 септември. „Четврток“  ќе биде прикажан заедно со краткометражни филмови од 47 држави во светот.

Како што соопшти С-прес, годинашното издание на фестивалот е посветено на прашања за насилство и трговија на деца, грижите кои произлегуваат од современата општествена реалност и економска несигурност.

„Четврток“ беше снимен во Њујорк во 2013 година, премиерно беше прикажан на отворањето на минатогодишниот Венециски филмски фестивал во програмата „Venice 70 – Future Reloaded”, каде што 70 реномирани режисери беа поканети од самиот фестивал да изработат краткометражни филмови со кои се одбележа 70-тото издание на фестивалот.

„Четврток“ освои награда во финалето на филмскиот фестивал УСА во Далас, Тексас. Филмот досега е прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло, Бразил, на RAI Movie, канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, на „Интерфилм“ во Берлин, во киносалите во Германија, на „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск…

Во Македонија премиерно беше прикажан на свечената вечер посветена на творештвото на Милчо Манчевски, која лани во декември ја организираше Турскиот културен центар Јонуз Имре.

Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли,  монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата