Четврто издание на Филозофското филмско фестивалче

Од:

На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе почне Четвртото издание на Филозофското филмско фестивалче со предавање на тема „Тарковски како повод: кон една херменевтика на огледувањето“ на демонстраторот на Институтот за филозофија Перица Јовчевски.

Утре следуваат две проекции со модерирана дискусија: првата ќе ги прикаже филозофските аспекти на делото на Михаел Ханеке преку излагањето на Мариглен Демири, а втората е резервирана за Линчовиот Lost Highway со проекција на истоимениот филм и излагање на Стефан Палитов по што ќе следи општа дискусија.

Филозофското филмско фестивалче е необичен фестивал кој ја поврзува филозофијата со седмата уметност, обидувајќи се на непосреден начин да ја дофати филозофијата низ медиумот на филмот, но и да поттикне на филозофска мисла и акција кај љубителите на фил(м)ософијата во градот.

Филозофското филмско фестивалче своите скромни почетоци ги бележи во 2010 год. кога на инцијатива на неколку студенти од Институтот за филозофија секој четврток во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје се проектираа делата на филмски валикани како Тарковски и Бергман, се обработуваа документарни филмови од областа на филозофијата, се организираше ноќ на кратки филмчиња, а се одржа и незаборавното предавање на професорот Стефан Сидовски на тема „Филозофија и филм“.

Оттогаш Филозофското филмско фестивалче од неформален студентски простор за креативна размена полека но сигурно прерасна во заеднички простор за сите љубители на филозофијата и филмот, проектирајќи филозофски релевантни филмови и поттикнувајќи дебата за темите кои тие ги отвараа.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти