Четврта „Гимназијада“ – средба на талентирани средношколци

Од:

Културно-информативниот центар од денеска до 7 мај  во Салон 19,19 ќе ја организира четвртата манифестација „Гимназијада“, на која средношколците од Скопје ќе ги претстават своите таленти за театар.

Учениците ќе изведат шест претстави кои, заедно со своите ментори-професори и во рамките на проектните активности, ги подготвиле по сопствено сценарио, режија, сценографија, костимографија, сценско движење, актерска игра и музика.

„Гимназијадата“ вечер во 20 часот ќе почне со настап на средношколците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“, кои ќе ја изведат претставата „Класен непријател“, а повторно ќе гостуваат на манифестацијата и на 24 април со „Црни кукли“.

На 16 април ќе се претстават гимназијалците од „Никола Карев“ со „Џабе се крева џева за Џони“, на 19-ти овој месец учениците од приватната гимназија „Алгоритам“ ќе ја изведат „Отуѓени“, на 29 април од „Раде Јовчевски-Корчагин“ ќе се претстават со „Чевел“, а на 7 мај, за затворање на „Гимназијадата“, ќе настапат членовите на Драмското студио  „Камелеон“ од Гостивар со претставата „Иницијација“.

– Идејата за проектот „Гимназијада“ произлезе од разговорите со многу талентирани средношколци кои редовно ги следат драмските претстави во Салон 19,19. Имаа голема желба  да излезат надвор од училишните рамки за да ги презентираат своите уметнички остварувања на професионална театарска сцена, отворена за поширок круг публика. Учеството во ваква манифестација ќе ги заинтересира младите да го искористат слободното време за уметничко изразување, соопшти КИЦ.

Организаторот е задоволен од изминатите три изданија на „Гимназијадата“ и наведува дека со неа е добиена база од која ќе почне патот на многу талентирани млади луѓе.  На манифестацијата досега имало 345 учесници, а ја проследиле околу три пол илјади гледачи. Во креирањето на годинашната програма учествувале над 150 ученици.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска