Четири пантомима-претстави на седмиот фестивал „Панфиз“

Од:

Четири претстави, од кои три гостински се на програмата на 7.Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ кој ќе се одржува од 4-ти до 7 октомври во Универзалната сала.

Фестивалот в сабота на сцената Потковица ќе го отвори американската пантомимичарка Иман Лизаразу со претставата „Баскет ќес“, а во наредните три дена на Малата сцена на Универзална ќе бидат изведени и македонската претставата „Проклетството на Виктор и Викторија“ во режија на Војо Цветановски со актерите Дарко Вељиќ и Марија Бејкова, „Месечев човек“ на британскиот „Невидлив ансамбл“ во режија на Џулиета Килгелман и романската „Приказни без зборови“ и Стефан Руксанда на последниот ден од фестивалот.

„Панфиз“ ќе заврши со доделување на наградата за најдобра претстава, која е парична и спонзорирана од Росен Пацов и Антонија Цветанова од Ботевград, Бугарија.

Буџетот за фестивалот од Министерството за култура е ист како и лани (200.000 денари), намален за 45 отсто од предминатата година. Директорот на „Панфиз“ Трајче Георгиев денеска на прес-конференција рече дека поради скратените средства организирањето на фестивалот, кое ги вклучува и покривањето на трошоците за патување, престој и хонорари на учесниците од странство, се потпира, како што рече, на стари пријатели и луѓе кои им излегуваат во пресрет и дека им доаѓаат учесници на кои фестивалот може да им покрие само одредени трошоци.

– Се надевам дека оваа ќе биде последна таква година кога на стари пријателства и другарства ќе се случуваат настаните. Моја лична идеја кога го почнувавме овој фестивал беше тој да расте. Фестивалот дојде до некое ниво кое го очекувавме и посакувавме и ми се чини дека понатаму ќе биде многу тешко да се одржува тоа ниво поради средствата кои ги добиваме т.е. не ги добиваме. За жал, она што сакаме да го донесеме на овој фестивал се уште не можеме да си го дозволиме. Се надевам дека во иднина ќе успееме, но  скептичен сум, првпат по седумгодишно организирање на фестивалот, гледајќи што се случува околу нас – манифестации со јадење и пиење се третираат како културни настани, а сето друго што нешто значи и е раритетно на Балканот, па и во Европа, е оставено на маргините да се снаоѓа со 200.000 денари, рече Георгиев.

Наместо во МНТ „Панфиз“ оваа година од технички причини е во нов простор. – Замислата беше фестивалот да се одвива на малата сцена во новиот објект, но поради поплавите од пред неколку месеци таа сцена во моментов не е во употреба. За среќа, нашите стари соработници – Театарот 007 и Универзална сала ни излегоа во пресрет, додаде Георгиев кој, заедно со Гораст Цветковски, е автор на плакатот за годинашниот „Панфиз“.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска