Цехот од 13.000 евра на Пројковски за бифето може да ја блокира сметката на МНТ

Од:

Додека Обвинителството и по еден месец го води предметот за МНТ во предистражна постапка, на најголемата театарска куќа ѝ се закануваат извршни решенија што може да ја блокираат сметката, дознава „Макфакс“. Како прв долг за присилна наплата достасал тој од 13.000 евра направени кон доставувачите на бифето на МНТ.

„Надлежниот обвинител активно постапува по овој предмет. Со оглед на тоа што предметот е во предистражна постапка, а во согласност со законот дејствата во предистражната постапка се тајна, во моментот не сме во можност да споделиме детали“, ни одговорија од ОЈО.

Според директорката на МНТ, Симона Угриновска, долговите мора да се вратат за да се продолжи со непречено менаџирање на тековните активности во театарот.

„Верувам дека институциите постапуваат, но натамошното одолжување ја парализира работата на МНТ. Ни стигнуваат решенија за извршување од насобраните долгови. Ги информирав надлежните во Министерството за култура“, вели Угриновска, која по нејзиното назначување алармира за многуте нерегуларности што ги затекна во МНТ.

Во 2016 година директорот Дејан Пројковски со измена и дополнување на Статутот на МНТ создал дополнителна дејност подготовка и послужување пијалаци. Отворил и подружница – „Бифе МНТ“, кое вршело трговска дејност, а како овластено лице се поставил самиот тој, односно назначен е Дејан Пројковски.

Од неговото отворање до денес има создадено вкупни обврски од приближно 13.000,00 евра кон доставувачите. Во март годинава извршен е попис на производите во „Бифе МНТ“ – Скопје и констатирани се состојби на неодговорно работење со производите, односно со изминат рок, недостиг на испорачани производи, производи што ги нема на листата на набавки, поради што, по вештачењето, ќе биде иницирана постапка за утврдување одговорност за незаконското и несовесно работење со подружницата.

По влегувањето на полицијата во МНТ пред неполни два месеца, инспекторите ги анализираа јавните набавки што ги вршел поранешниот директор на МНТ, Дејан Пројковски, во периодот од 2015 до 2017 година и според првичните сознанија, постојат сериозни елементи на кривичното дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.

Директорот Пројковски само за 2016 година склучил договори за јавни набавки кои се под лупа со вкупна вредност од 25.165.250.000 денари или приближно 409.191.000 евра.

Предмет на детаљна анализа се договорите склучувани со надворешни фирми и физички лица, од кои театарската куќа речиси и немала потреба бидејќи стручен кадар и лица за таа работа има на редовниот платен список на МНТ. Од тука е интересот да се испита кој и зошто е плаќан и каде завршувале тие пари.

Сознанијата за овие скандалозни состојби во МНТ беа навестени уште по оставката на Александар Поповски на челото на Управниот одбор. Наследникот на Пројковски, Драган Спасов – Дац, додека беше вршител на должност, речиси половина година не ги информира јавноста и надлежните за затекнатата ситуација во театарот.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ