Бубев со повик за соработка до струмичките актери – Имаме заедничка обврска кон граѓаните

Од:

Директорот на Центарот за култура од Стумица Васил Бубев ги повикува вработените од установата од драмскиот сектор да седнат заедно, да разговараат и да бараат и најдат решение за сите предизвици, преку дијалог и меѓусебна почит, а заради одговорноста кон граѓаните.

-Како директор на НУЦК Антон Панов од Струмица, избран на официјален конкурс, со целосна законска постапка, веќе втор месец ја носам и моралната и законската одговорност за функционирањето на институцијата, за реализирањето на нејзината програма и за остварувањето на мисијата која сите вработени, со професионални договори ја имаме. Институцијата постои за да ги остварува културните права и потреби на граѓаните и квалитетот на културниот живот на струмичани и се наша заедничка должност и обврска, наведува Бубев.

Затоа, додава, заради нашата одговорност кон граѓаните, ги повикувам вработените во установата од драмскиот сектор, нашите струмички актер, да седнеме на заедно, да разговараме, да сe ислушаме, да бараме и да најдеме решенија за сите предизвици и дилеми, преку дијалог и меѓусебна почит.

Во објавата вели дека неговата идеја и јасна заложба е да постигнеме соработка со сите инволвирани при изготвувањата на проектите и со тоа да овозможиме успешно реализирање на проекти коишто ќе бидат масовно и позитивно прифатени од локалната публика, а со тоа и понудени и пошироко на публиката во државата па и на меѓународно ниво.

-Ако се посветиме и разбереме, сигурен сум дека ќе создадеме и ќе изведеме културна програма, репертоар и културни настани во сите дејности, коишто ќе бидат гордост на сите струмичани, вели Бубев.

Тој додава дека како матична културна институција која го покрива севкупниот културен живот, со неработење им ускратуваат многу радост и услуги на разните категории граѓани кои секојдневно живеат со институцијата и нејзините програми. -Ние сме, потенцира, секогаш отворени и за аматерските групи, ансамблите и сите други културни иницијативи и проекти.

-Јас останувам посветен на приоритетната потреба за реконструкција на објектот, за подобрување на просторните, техничките, инфраструктурните и сите други услови за непречено функционирање и развој на институцијата. Но, репертоарот и програмата, вклученоста на институцијата во разни уметнички и културни проекти и иницијативи, ќе ја создаваме заедно, а примарна улога тука ќе имаат уметничките раководители, ансамблот и сите вработени, почитувајќи ги нивните капацитети, познавања и автономија.

Секако имаме обврска да ги вклучиме и граѓаните, граѓанските здруженија, независните културни работници и сите коишто имаат потреба, задоволство и енергија да творат во културата, вели директорот на Националната установа Центар за Култура Васил Бубев.

Истакнува дека со своето несебично залагање сака заеднички да ја постигнат таа цел и ги повикува на соработка, оти, како што наведува, тоа е наша должност пред струмичани.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска