„Брачна игра“ утре премиерно во кумановскиот театар

Од:

Претставата „Брачна игра“ премиерно ќе биде изведена утревечер на малата сцена во кумановскиот театар. Претставата е работена по тесктот на  Едвард Олби, во режија на Бојана Краљевска, а играат  актерите од кумановскиот театар Марко Трајковиќ и Сања Русеска.

– Се работи за драма на апсурдот на Едвард Олби. Ликовите се доста интересни обработена е сериозна тема на комичен начин со голема доза на сарказам и иронија, рече на денешната прес-конференција режисерката Краљевска.

Актерите Сања Русеска и Марко Трајковиќ, кои ги толкуваат улогите на Џек и Џилијан, посочија дека претставата ќе биде особено интересна за брачните парови.

– Сопругата е очајна жена која прави напори за да го задржи својот партнер.Во претставата се отвараат многу прашање за брачниот однос, рече актерката Русвеска.

Младиот актер Марко Трајковиќ вели дека сите мажи, се или пак се обидуваат да бидата како ликот Џек, вечно незадоволни, постојано во потрага по нешто ново,но секогаш се навраќаат на она што го имаат.

– Преставата е со огромна доза на хумор и ќе биде интересна за сите, смета Трајковиќ.

Иако во оригиналната верзија на Олби вниманието е свртено кон средовечен брачен пар, во кумановската претстава ликовите се прилагодени за помладите брачни парови и нивната (не)можност да се снајдат во обврските.

Продуцентот во кумановскиот театар Симона Тоскиќ информира дека театарот од јануари годинава, кадровски е доекипиран со осум актери, двајца режисери и двајца драматурзи.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска