Благој Мицевски в.д. директор на НУ Народен театар-Битола

Од:

Досегашниот уметнички директор на НУ Народен театар-Битола, Благој Мицевски именуван е за в.д. директор на таа национална установа.

Одлуката е донесена по истекот на мојот мандат, а процедурата за избор на нов директор е во тек, потврди Валентин Светозарев, сценограф и досегашен прв човек на театарот во Битола.

– Во тек е реизборот на функцијата директор на НУ Народен театар-Битола, а во меѓувреме вршител на должноста директор ја врши Благој Мицевски. Ние продолжуваме со тековните активности, во моментов ја инсталираме најновата пратка со техничка опрема која ја добивме од министерството за култура. Станува збор за поголема количина звучници, миксети, микрофони и друга техника, но и сценска опрема која секогаш е потребна за нашите претстави, истакна Светозарев.

Актерите од Битола, в сабота ќе гостуваат во Скопје на јубилејните свечености што ги приредува Македонскиот народен театар, а на 21 април ќе гостуваат во градот на културата за оваа година Велес каде за прв пат ќе настапат во новиот театар во тој град.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска