Битолскиот театар со „Травничка Хроника“ настапи на „Еуроказ“ во Загреб

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола со овации и долготраен аплауз беше поздравен по завршувањето на театарската претстава „Травничка Хроника“ од Иво Андриќ во режија на Бранко Брезовец која синоќа беше изведена на фестивалот „Еуроказ“ во Загреб.

Актерите од Македонија заедно со своите колеги од театри од Италија, Словенија, Велика Британија и Шпанија се приклучија во националната програма на Република Хрватска која денес го слави зачленувањето во Европската Унија и во таа чест НУ Народен театар-Битола вечер на сцената на

Младинско Казалиште во Загреб уште еднаш ќе ја изведе претставата „Травничка Хроника“.

– Настапот беше брилијантен. Мислам дека публиката ракоплескаше десеттина минути. Хрватската публика, но и остантиот театарски свет кој деновиве престојува во Загреб беше одушевен од нашиот театар. Претставата „Травничка Хроника“ во која доминираат европските теми и случувања од пред еден век, ќе биде одиграна и вечер во чест на приемот на Хрватска во ЕУ, изјави за МИА, Марјан Неќак композитор во „Травничка Хроника“.

На фестивалската сцена во Загреб синоќа настапија Габриела Петрушевска, Валентина Грамосли, Огнен Дранговски, Љубен Најдовски и уште 22 други актери на битолскиот театар, сценографијата беше на Валентин Светозарев, а драматургијата на Дијана Мехеиќ.

Фестивалот „Еуроказ“ во Загреб се одржува по 27 пат, а неговите почетоци датираат од 1987 година кога почнал како Фестивал на новиот европски театар.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска