Битолскиот театар ќе гостува во Русија

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе гостува во рускиот град Санкт Петерсбург каде на 26. мај на театарската сцена ќе биде изведена претставата „Без паника“ на Мика Мулуахо, во режија на Благој Мицевски.

Од битолскиот театар информираат дека утревечер со истата претстава ќе настапат на сцената во Дом на култура во Кавадарци, а веднаш потоа почнуваат подготовките за гостувањето во Русија.

– На двете гостувања ќе ја одиграме комедијата „Без паника“ посветена на периодот од деведесеттите години од минатиот век. Темата е дел од финската современа драматургија која сакавме да ја доближиме до нашите проблеми во општеството. Тоа е современ текст на Мика Мулуахо и е дел од една трилогија пишувана во 2005 година. „Паника“ е првиот дел кој е посветен на мажите во општеството, вториот дел се вика „Хаос“ и се занимава со жените во општеството, а третиот дел се вика „Хармонија“ и го сочинуваат неколку брачни двојки, истакна режисерот Благој Мицевски во пресрет на патувањата во Кавадарци и Санкт Петерсбург.

Во „Без паника“ настапуваат актерите Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски и Александар Копања. Драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ.

Во НУ Народен театар-Битола паралелно се подготвуваат три нови театарски проекти и тоа „Антоние и Клеопатра“, „Happy end“ и „Тајното оружје“, потврдуваат од оваа национална установа.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска