Битолскиот актер Николче Пројчевски ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон

Од:

Актерот на Народниот театар-Битола Николче Пројчевски ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон и по Огнен Дрнаговски ќе биде втор македонски актер кој ќе настапи во Шекспировиот театар.

Пројчевски денеска на прес-конференција истакна дека е избран во конкуренција на 1.800 актери од цел свет и е единствен од Југоисточна Европа што ќе настапи во најновиот театарски проект на „Глоуб“.

– Се пријавив на отворениот конкурс, а кога ја минав првата селекција бев контактиран од режисерите и продуцентите на театарот „Глоуб“. На нивно барање изведов неколку улоги од Шекспирови дела, поезија од Петре М. Андреевски и други актерски вештини, и ме избраа. Во Лондон ќе патувам и со познати информации кои ми ги даде колегата Огнен Дранговски кој веќе настапуваше во „Глоуб“. Верувам во успешен континуитет на македонските актери на светски познатата сцена и театар во Лондон, изјави Пројчевски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска