„Безљубни“ премиерно во Драмски театар

Од:

Претставата „Безљубни“ од Благица Секулоска, во режија на Златко Славенски, премиерно ќе биде изведена вечер во Драмскиот театар – Скопје.

Директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски вчера на прес-конференција рече дека станува збор за трета премиера на театарот годинава.

– Првпат по 20 години ќе видите еден релативно добро опремен проект во техничка смисла со нови звучници, со нови аудио миксети, со нови светлосни миксети, со нови рефлектори во Драмскиот театар. Тоа за мене претставува сериозно задоволство што ќе можеме на нашата публика да и понудиме еден искчекор понапред, истакна Вељановски.

Секулоска рече дека „Безљубни“ е текст кој зборува за недостиг на љубов, за човештвото оптеретено од предмети, од материјализам и од несуштественост.

Славенски истакна луѓето доаѓаат во контакт еден со друг во една виртуелна реалност каде се што можете да прегрнете е практично одразот на светлината, она што го гледате.

– Всушност тоа што го гледате практично фактички е мисла. Она што сакавме да го направиме во претставата е дека ние сме онакви какви што сакаме да бидеме. Ние имаме љубов, да го преведам текстот на Благица, колку што сме подготвени да ја имаме, додаде Славенски.

Актерската екипа на претставата ја сочинуваат Сања Арсовска, Димитрија Доксевски, Наташа Петровиќ, Златко Митрески и Александар Степанулески.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска