„Бакнати порти“ – самостојна изложба на Елизабета Митрева

Од:

Во уметничката галерија Безистен во Штип денеска ќе биде отворена изложбата насловена „Бакнати порти“ од проф.д-р Елизабета Митрева.

Проф. Јордан Ефремов во рецензијата за изложбата наведува дека авторката Митрева во сликарскиот медиум создава и опстојува неколку години и како аматерски уметник останува доследна на една прецизна, фина и сосема промислена ликовна естетика.

Според него, кај Митрева ликовниот израз е во манирот на особената експресивност со која таа ја отсликува жената. Кај нејзините композиции, преку треперливиот потег на четката, предметот и претставата на некој начин вибрираат за потоа, вели, преку сликарското нијансирање Митрева да ја извлече едноставната и чиста внатрешност на женската убавина во просторот.

– Ликовното претставување на вистината што го отсликува авторот се согледува во блескавата насмевка што се движи кај нејзините женски ликови. Насмевката што се движи, ќе ги допре сите емоции што многу години потајно се собирале во живот на Авторката и таа насмевка блеска преку отворени очи, за да се собере вечното ликовно и естетско движење. Даруваната насмевка во делата на Митрева е жива енергија што ја восприема и ја ползува секој што во мигот ќе го допре таквата насмевка, а таа енергија несебично извира од искрената наклоност на Митрева кон бога, што всушност претставува вечност за самата Авторка, наведува рецензентот Ефремов.

Би можело да ве интересира

„Фрагменти“ на Башески претставена во НУЦК „Марко Цепенков“

Ана Ололовска

Изложба „85 години Попова Шапка” во Тетово

Ана Ололовска

„Система“ – изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

Ана Ололовска

Се отвора изложба на Никола Радуловиќ

Ана Ололовска

„Панта Реи“ – изложба на уметникот Бојан Ковски

Ана Ололовска

„Внатрешната градина“ – самостојна фотографска изложба на Стефан Шашков

Ана Ололовска