Арсовска: Како е можно Премиер да се јави и да поништи решенија за директори потпишани од министер

Од:

„Се обидувам да си објаснам како е можно Премиер на држава, кој ниту разбира, ниту го интересира уметност, да се јави во Министерство за култура и да поништува решенија за директори веќе донесени од комисија и потпишани од министер.

Со тоа го доведува во прашање имиџот на министерството предодредено да ја извршува таа работа и го потценува капацитетот на луѓето што одлучуваат.

Со тоа дава јасна порака дека сите оние кои се бореле за поинакви вредности се идиоти што идеализирале здраво општество и што верувале дека на чело на институција ќе бидат поставени објективно најдобрите кандидати.

Со тоа им дава јасна порака на уметниците и сите млади надежи дека сите наши уметнички потенцијали можеме за си ги фрлиме у бунар, затоа што има некој што “знае” подобро од нас уметниците и културните работници што и е потребно на културата и уметноста во Македонија.

Со нетрпение ја чекам следната изјава за тоа како Македонија е спремна да оди во ЕУ со воспоставување на европски вредности, каде квалитетот, стручноста и професионалноста ќе бидат над партијата. Прво ќе се насмеам онака тивко, простодушно, а после ќе се фрлам на плачење“, напиша актерката Сања Арсовска на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар