Археолошките локалитети до граѓаните, акција на Музејот од Виница

Од:

Музејот Теракота од Виница успешно работи на планот на презентазцијата на движното и недвижното културно наследство на Виничкиот крај.

Археолошките предмети пронајдени на трите археолошки локалитети Гробана, Коколов рид и Виничкото кале се делумно изложени пред пошироката јавноста, а дел треба да се проучат.

– Во рамки на одбележувањето на Европските денови на културното наслество, Музејот Теракота денеска организира едукативни екскурзии до археолошпкиот локалитет Коколов рид со цел запознавање на посетителите со археолошките и други наоди на овој локалитет. Музејот Теракота со ова ги отвора и вратите на археолошките локалитети за посета, со што наследството од минатото откриено низ многубројните археолошки истражуваења станува достапно и до пошироката јаност од општината и регионот, истакнува Магдалена Манаскова, раководител на Музејот од Виница.

Интересот на граѓаните за посета на овој археолошки музеј денеска беше голем, па оттука Музејот Теракота од Виница ќе организира вакви едукативни предавања на терен и во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска