Археолошки истражувања на средновековна црква на локалитетот Цареви кули

Од:

Во рамките на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура започнаа археолошките истражувања на средновековната црква, која е лоцирана во подножјето на локалитетот Цареви кули во Струмица.

Покрај фактот што остатоците од црквата се евидентирани многу порано, сепак ова подрачје досега не било предмет на археолошки третман.

51650011

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица ги завршија активностите за расчистување на теренот и отстранувањето на површинскиот слој по што пристапија кон археолошки истражувања на остатоците од објектот кој датира од средновековието.

„Реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување на прецизни сознанија за хронологијата, архитектонските карактеристики и уметничкиот сликарски опус на црквата.

51650033

Во рамките на овие истражувања околу објектот се очекуваат и пропратни археолошки единици, кои ќе помогнат во евидентирање и на други автентични остатоци од средновековиот период, како повеќеслојна некропола, нови архитектонски структури и слично.

Овој проект е од особно значење во насока на оформување на целосен приказ на сите фази на егзистирање, кои ги опфаќаат  периодите од праисторија до доцен среден век на микролокацијата Цареви кули во Струмица, но и негова презентација и промоција во научна, научно-популарна и туристичка смисла“, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска