Анушка Шанкар го отвора ОФФест

Од:

Со концерт на ситаристка Анушка Шанкар вечер во Универзална сала почнува 12. ОФФест.

На фестивалот што ќе трае до 6 јуни ќе настапат исклучителни музичари од Шпанија, Јужна Кореја, Турција, Колумбија, Велика Британија, Мароко, Сенегал, Финска, Словенија и Македонија, а ќе биде прикажан и еден музички документарец.

Анушка Шанкар е една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештво влече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко, легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школува од својата девета година. Како композитор, ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови, фламенко, електроника, џез и класична музика. Двапати номинирана за престижната награда Греми, Анушка Шанкар е најмладиот музичар и првата жена во историјата на Греми, номинирана во категоријата World Music за нејзиниот албум „Live at Carnegie Hall” (2002), а подоцна и првиот музичар од Индија што бележи настап на доделувањето на Греми наградите (2006), кога беше номинирана за албумот „Rise”.

Шанкар во Скопје ќе се претстави со нејзиниот актуелен проект „Traveller” во чие создавање учествуваат индиски и фламенко музичари. „Traveller” на Шанкар и ја донесе титулата Најдобар музичар од магазинот „Сонглајнс“, како и номинацијата за наградата Греми во категоријата Најдобар world music албум.

Втората вечер е резервирана за турското Таксим трио и за проектот „Биоскопиа“ на нашите Елена Христова и Горан Трајкоски, на 4 јуни публиката ќе ужива во словенечкиот бенд „Брина“ што го предводи талентираната и меѓународно етаблирана пејачка Брина Вогелник, додека во среда, 5 јуни, се експлозивните Ондатропика и моќната, хипнотичка мароканско-сенегалска комбинација Азиз Самауи и University of Gnawa.

ОФФест го затвора Кимо Похјонен од Финска познат по својата денс, театарската и авангардната музика, по бескомпромисната моќ и оригиналност.

Годинава, само Шанкар настапува во Универзална, Таксим трио, Биоскопиа, Азиз Самауи  и Похјонен се во МОБ, додека „Брина“ е во киното „Фросина“.

Би можело да ве интересира

Почнува седмото издание на SEE онлајн фестивал, достапни 27 филмски наслови

А1он

Завршува „ОФФест“ со настапите на Пијан Славеј и Блик Баси

Ана Ололовска

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“

Ана Ололовска

Јубилејно 20. издание на ОФФест од 9 до 13 ноември

Ана Ололовска

Заврши 4-тото издание на фестивалот на светлина – Skopje Light Art District

Еднодневен рок фестивал во Дојран

Leave a Comment

17 − 9 =