ВИДЕО: „Медена земја“ без Оскар за документарец, наградата отиде кај „Американска фабрика“

Од:

Македонскиот филм „Медена земја“ не успеа да добие „Оскар“ за најдобар документарен филм, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. Наградата ја доби американскиот документарец, „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард.

„Работите ќе бидат подобри кога сите работници од светот ќе се обединат“, рекоа режисерите на „Американска фабрика“.

Овој филм е во продукција на продукциската куќа на Мишел и Барак Обама.

„Медена земја“ е номиниран и во категоријата најдобар интернационален филм.

Останати конкуренти за најдобар документарец на нашиот филм му беа британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“ и бразилскиот „На работ на демократијата“.

Првите честитки за филмското достигнување, по пристигнувањето во театарот „Долби“, Атиџе Муратова и екипата на „Медена земја“ ги добија од странските медиуми, кои ги интервјуираа. Тие им честитаа на успехот кој го постигнале, односно, за номинациите за „Оскар“ во две категории.

„Јас сум многу возбудена вечерва. Многу добро се осеќам и се надевам на еден ‘Оскар’“, рече Атиџе во првата изјава пред медиумите откако екипата пристигна во Лос Анџелес.

Претходно, Атиџе Муратова во разговор за „А1он“ рече дека многу ѝ е благодарна на екипата на „Медена земја“, но и предвиде дека филмот ќе го земе „Оскарот“.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка