(ВИДЕО) Атиџе ги чека Оскарите: Многу сум радосна, мала држава ама му покажавме на цел свет дека можеме

Од:

Во очекување и надеж дека ќе зачекори на црвениот килим, Атиџе си го живее својот стар живот, во, како што вели, медената земја и нејзиното село Бекирлија.

„Очекувам да добиеме ‘Оскар’, се надевам дека и јас ќе прошетам на црвениот тепих. Ако не ме земат, пак ќе ме викаат да одам таму. Мислам дека ќе земеме, тие ми викаат – тешко, има пред нас други, но мислам ќе победиме, некоја сила ме тера, ми кажува… А на радио кога слушнав за двете награди, знам дека едната оди кај нас“, вели Атиџе.

За неа е голема радост што од селото, каде што е сама, од неодамна со братот стигнала да го види светот, но вели дека не сака да заборави која е и од каде е.

„Никогаш нема да се откажам од пчелите, по нив секогаш ќе трчам и ќе се грижам за нив. Ништо нема да го смени тоа“, вели Атиџе во разговорот за „А1он“.

По овој филм, најмногу вели дека се радува што почнале да доаѓаат луѓе во селото.

„Во ‘Медена земја’ сум насмеана и весела зашто доаѓаат луѓе, се радувам што има луѓе. Многу сум радосна, многу ми се смени животот, му покажавме на целиот свет кои сме, тоа ми е битно. Сиромашна и мала држава, јас сум уште посиромашна, но му покажавме на светот“, раскажува Атиџе за своите импресии.

Јас не се радувам на богатството, туку на луѓето и здравјето, човек има и тешки и лесни денови, вели Атиџе.

„Не помислив никогаш дека ќе бидам на филм, но имав мерак да се прошетам, да пеам, како дете уште сакав да видам како се прави тоа на филмовите. Сите викаат лесно е да правиш документарен филм, мене не ми беше ни лесно ни тешко. Првин ми беше и страв и срам пред камерите, да не направам нешто погрешно. Еден месец не знаев што снимаме, дали филм дали нешто друго“, вели Атиџе.

Најтажниот момент од целото снимање е што сè е вистина за мајка ѝ.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата